| |

Свештеник воскресна вековно училиште во санданското село Лешница

Свештеник воскресна вековно училиште. Го врати од заборав со лична работа и со поддршката на волонтери патриоти, пишува порталот Пиринско.

Училиштето се наоѓа во санданското село Лешница, во непосредна близина до локалната црква Света Марина. Отец Димитар Илчев гордо ги коментира и фотографира своите соселани, кои со месеци напорно работат заедно со него. Резултатот е видлив – училиштето сега има нов покрив, училниците се подготвени – со нови подови, обновени ѕидови, прозорци, завеси.

„Со голема возбуда, по педесет години заборав, ги вративме првите експонати – наставните помагала на нивното вистинско место. Табла со тесни и широки редови + квадрати, дрвено сметало, компас и транспортир“, вели отец Димитар.

Сега отецот ги обновува сите врати во училиштето. Тој се фаќа за работа веднаш по црковните служби. Наесен училиштето ќе отвори врати и над него ќе се вее бугарското знаме. Средствата за реновирањето се собрани од донации, а локалното население помага со доброволна работа. До 2000 година во училиштето учеле деца до четврто одделение. Зградата потоа била затворена.

Слични Објави