ДЕЧКИ, ГИ РУШИВТЕ СИТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ!

Ваш став Истакнато Позиција

Деновиве го пукнаа од зезање Павле… Знаете за кој Павле пишувам… За оној иститот со „полчето“ „масло од канабис“!Масло од канабис? Полче? Ова ми делува исто како работам како сексуална работничка ама уште сум невина! Ебате фраерите, ебате. Колку што ме служи меморијата имаше исто така уште еден фраер што го фатија како си ја вработил швалерката (фризерка) во МЕПСО. И ова не е со потценување за професијата, но сите знаеме фризерките што треба да работат, хемичарите, инжинерите, професорите исто така. Или пак во МЕПСО пред да почнат со работа треба да се фризираат убавиците, па потоа да седнуваат на фотелјите да сработат нешто?! Еве не ми е јасно! Секој според школото и маката што ја вложил, тоа и треба работи. Ај да не бидам толку ригорозна, ако навистина некој иако не завршил школо но има потенцијал и му фаќа „ламбичето“ нека му се даде можност за напредок но по правилниот начин. Не со вагинална манипулација дечки, не со тоа дека тато е некој што го „разорува“ градот или дека мама е јака бизнисменка! Не пријатели не! Или сепак јас сум грешка и тоа е ептен европски?! Ако ова не беше така, овде одамна се ќе си беше подредено на место и се ќе функционираше многу подобро.

Скандалите со ТАТ, Окта, Скопје 2014… Доволно ли набројував?

Нели ви е барем малку срам бе? Зборувам за вас сите јавни личности, за сите вас кои имате некакво влијание или обврска кон нас обичниот народ. Каков пример сте? Последниве 27 години се изнаслушавме, изнагледавме се и сешто. Скандали еден куп оставка ниедна! Кој се дрогирал, кој купил вили па вршел прељуби, кој крадел, кој лажел… Абе сите Божји заповеди „исполнети“ до последна капка! Се прашувам дали е поентата да се иселиме до последен? Ако е веќе така кој ќе ја затвори вратата дечки? Упс, може и не ќе да е тоа, пошто после ќе немате пари ни за леб. Изворот на приходи ќе се затвори. Уште една грешка. Ќе имате , ќе имате… џебовите ви се полни за три генерации унапред. Е, а во споредба со ова, пази, за нас обичниот народ се „борат“ за минимална плата која не достигнува ни 250 евра! Ауч. Мангуплук на високо ниво! Само едно да не заборавите пријатели. Од местото каде што потекнувам има една изрека „Ако се сториш овца, секој ќе те стрижи“ . Е арно ама народот веќе нема волна за давање. Внимателно пријатели, многу е убаво кога ќе се качиш од кочина на трон, ама тешко е кога од тронот ќе паднеш во калта!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова