ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ПРЕСУДА ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТРЕЗОР“

//

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во овој предмет првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР- Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР-Горан Грујевски.

Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.



Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Претходна статија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО: ВМРО-ДПМНЕ ЛАЖЕ, ВО ЛАБОРАТОРИИТЕ ИМА И ТЕСТОВИ И РЕАГЕНСИ НА КОВИД-19

Следна статија

РАДЕВ ЈА ЗАКАЖА ПРВАТА СЕДНИЦА НА НОВОИЗБРАНИОТ БУГАРСКИ ПАРЛАМЕНТ ЗА 15 АПРИЛ

Најново од Вести