Десетици луѓе пред Судската палата во Софија побараа построги казни за насилството врз децата
Десетици луѓе се собраа пред Судот во Софија барајќи построги казни за случаите на насилство врз деца. Настанот се одвива паралелно во неколку поголеми градови во земјата, а беше испровоциран од случајот на насилство врз 5-годишниот Адријан од Пловдив, јавува БНР.
Демонстрантите бараат најмалку двојно зголемување на затворските казни за педофилија, како и создавање јавен регистар со имињата на насилниците.
Луѓето се загрижени и за тоа дали жртвите на криминал добиваат соодветна грижа. Многумина од демонстрантите го носеа бугарското знаме. Дел од демонстрантите не криеја дека се поддржувачи на националистички партии. Протестот го обезбедува полиција.
