Детали за цистерната што се запали кај Струмица: превезувала 20 тони нафта, две противпожарни возила излегле на местото
Цистерната што утрово се запали на патот Струмица-Радовиш превезувала 20 тони нафта.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата.
До опожарувањето дошло на 1 километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш,а на терен излегле 6 пожарникари и 2 противпожарни возила , додека четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот.
Нафтата ќе биде префлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.
Патот веќе е прооден за возила.