| |

ДЕТЕ НА 8 ГОДИНИ ВОЗЕЛО СО ПОВЕЌЕ ОД 180 КМ/Ч НА АВТОПАТ ВО ГЕРМАНИЈА

Дете на 8 години од Германија се судри со камион откако со автомобилот на својата мајка возело со повеќе од 180 км/ч, пренесуваат светските медиуми.

Момчето ги земало клучевите од автомобилот и доцна синоќа се појавило на магистралниот пат Зост-Дортмунд. Друг возач пријавил во полиција дека дете вози со преголема брзина и не обраќа внимание на патните знаци.

Додека полицајците го барале малиот Шумахер, детето успеало да направи и сообраќајка, откако се удрило во камион на паркинг на излезот од градот. За среќа никој не бил повреден, а мајката истакнала пред полицајците дека малиот возач, редовно возел картинг и ги сакал големите брзини.

Слични Објави