|

(Видео) Избран нов потпретседател на Судскиот совет, решен бил да носи мудри и храбри одлуки

Судијата Ханиф Зендели е избран за нов потпретседател на Судскиот совет. Тој беше предлог на членот Ивица Николовски. Како нов челник на Советот посочи дека може да се донесат мудри и паметни одлуки.

„Многу кажа колегата Ивица. Благодарам на поддршката. Состојбата е таква каква што е, сите знаеме. Во оваа состојба мислам дека заедно можеме да постигнеме резултати. Да направиме чекори што му личат на еден судски совет, да донесеме мудри, паметни и добри одлуки“, рече Ханиф Зендели.

Претходно, Николовски рече дека Зендели може да раководи со Советот.

„Мојот предлог е за заменик-претседател, го предлагам Ханиф Зендели. Колегата е долгогодишен судија, помина основен суд, подолг период беше и апелациски судија. Исто така, тој беше претседател и на суд. Овие негови придобивки ми даваат надеж дека располага со знаења и доволно искуство во менаџирањето како претседател во комуникациите суд – Судски совет. Како член на Судскиот совет е подолг период тука, така што имал можност да го збогати своето искуство во решавањето на потребите, т.е. проблемите поврзани со судството. Во овој момент двајца судии ќе раководат со Судскиот совет“, рече Ивица Николовски.

Слични Објави