| |

ПОТВРДЕНА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ДЕДОТО НА ТАМАРА

Апелација ја потврди првостепената казна за дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, јавува НОВАТВ.

Одлуката на Апелација е испратена до Кривичниот суд.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни 2017.

Слични Објави