ДЕТЕ ЗАГИНА ОТКАКО БЕШЕ ТУРНАТО ПОД ВОЗ НА СТАНИЦАТА ВО ФРАНКФУРТ
Осум годишно момче загина во Франкфурт откако 40-годишен маж го турнал на шините на една од главните железнички станици во Германија. Мажот, кој е со потекло од Еритреја, Африка, ја бутнал и мајката на момчето, но таа преживеала, соопшти германската полиција, пренесува Фокус.
По овој повод германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го прекина одморот и свика состанок со безбедносните служни. Германските медиуми пренесуваат дека полицијата се уште не утврдила поврзаност меѓу мажот и жртвата и дека неговите мотиви се непознати.