ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52
До 17 часот излезеноста на гласачите во Скопје изнесува 28,52 проценти, односно гласале 134.586 избирачи, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК) добиени од 99,56 проценти од избирачките места.
На ниво на држава, во сите општини каде што се гласа во вториот круг од локалните избори, одѕивот е 39,28 проценти, односно гласале 279.241 избирач, според 96,94 проценти од обработените податоци, информира на прес-конференција портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска.
Излезеност по општини во Скопје
Во скопските општини одѕивот е следен:
Аеродром – 36%
Бутел – 22,90%
Гази Баба – 25,79%
Ѓорче Петров – 29%
Карпош – 40,73%
Кисела Вода – 34,48%
Сарај – 8,77%
Центар – 39,44%
Чаир – 12,08%
Шуто Оризари – 26,10%
Во споредба со првиот изборен круг, излезеноста во Скопје е помала – тогаш до 17 часот гласале 39,62 проценти од избирачите.
Излезеност по општини во државата
Највисока излезеност е забележана во Конче (64,44%), а потоа следуваат Росоман (63,58%), Дојран (62,96%), Лозово (62,78%), Демир Капија (62,71%) и Крушево (61,89%).
Најниска излезеност има во Сарај (8,77%), Шуто Оризари (25,82%) и Куманово (27,72%).
Без пријавени неправилности
Портпаролката Тодоровска Алексовска информира дека до моментот на прес-конференцијата во ДИК не се пристигнати пријави за посериозни неправилности, ниту има информации дека гласањето ќе биде продолжено по 19 часот.
