|

ДИК уверува: Во вториот круг нема да има проблеми при гласањето

По проблемите што се создадоа во првиот круг од локалните избори со апаратите за читеање отисок од прст од ДИК уверуваат дека на гласањето в недела се ќе биде побрзо. Од комисијата велат и дека резултатите од 44 општини во кои ќе се гласа ќе се знаат побрзо.

В недела на вториот круг од локалните избори ќе има помалку проблеми со апаратите за читање отисоци уверува претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Во првиот круг на повеќе избирачки места се создадоа долги редици гласачи и чекања во услови на ковид пандемија поради тоа што апаратите не ги препознаваа податоците.

Избирачките одбори по неколкупати се обидуваа да успеат во процедурата која првпат се применуваше на македонски избори со што се зголеми времето на чекање пред да се дојде до гласачката кутија.

Даштевски сега вели дека во овие две недели многу направиле за да не дојде до такви проблеми. Во секое училиште во кое ќе се гласа ќе има еден човек од техничка поддршка за да им помага на избирачките одбори, оти како што вели претседателот на ДИК, 90 отсто од проблемите биле поради тоа што членовите не знаеле како да управуваат.

Извор: zoom.mk



Слични Објави