ДИМИТРИЈЕВИЌ ПОСТИГНА 11 ПОЕНИ ВО ПОРАЗОТ ОД БАРСЕЛОНА
Хувентуд не успеа да ја изненади Барселона во дербито (80-95), но и покрај тоа македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна 11 поени.
Барселона од самиот старт на мечот играше добро против Хувентуд, па по првата четвртина имаше водство од 21-14, а на полувреме тоа изнесуваше 46-40.
Во третата четвртина Каталонците го решија мечот во своја корист, откако зголемија на 75-60, по што до крајот на мечот Хувентуд не успеа да направи изненадување и Барселона победи со 95-80.
Хувентуд по 14 одиграни кола има одиграно седум победи и седум порази.
Извор: Спорт1