ДИРЕКТОРОТ НА АМС КАЕВСКИ: ГО ЗГОЛЕМУВАМЕ БРОЈОТ НА МЛАДИ КОИ СПОРТУВААТ И ПОДДРШКАТА ЗА НИВ ЌЕ РАСТЕ ВО ИДНИНА
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски имаше свое обраќање на настанот „Спортисти на годината за 2018“, и истакна дека настанот е убава прилика да се потенцира дека со „спортскиот вирус“ во годината што изминува се „заразени“ нови 20 проценти или во бројки 35 илјади ученици од основното и средното образование да учествуваат во спортот и спортските активности.
Во продолжение Каевски се осврна на најважните мерки што АМС и Владата на РМ ги презедоа за дополнителни средства во Буџетот за поддршка на зчајани спортски проекти.
Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме говорот на Каевски од свеченоста по повод изборот на „Спортисти на годината за 2018“.
„Еден од проектите којшто беше наше ветување е и спортскиот ваучер којшто треба дополнително да им донесе средства на спортските клубови, спортистите и федерациите за следната 2019 година. Таа мерка не само што треба да им го олесни патот на спортистите туку треба и да помогне во развивање на нови „спортски зависници“, но и секако да ја разбиеме бариерата помеѓу компаниите и спортските клубови.
Компаниите мораат да ни веруваат и да не поддржат дека секоја помош во спортот е помош и во нивниот иден кадар, затоа што само преку спортот можеме да изградиме здрава нација којашто спортскиот дух и здравото тело ќе им помогне во натамошниот животен век.
Еден од проектите којшто го најавивме е жената во спортот. Со дополнително помагање и субвенционирање на клубовите и едукативните програми, направивме сериозен исчекор на интеграција на жената во спортот. Се надевам дека од година во година овој систем ќе го јакнеме и ќе се радуваме на успесите кои ги имаат жените во спортот.
Во оваа година, го возобновивме системот на ветераните, и нивното искусто и знаење е многу важно за развојот на спортот. Ги поддржавме сите активности на лицата со инвалидитет и на лицата со посебни потреби, се со цел нивна дополнителна интеграција во спортот и секојдневието.
Завршивме со целосната документација и во месец март стартуваме со изградбата на базените, во месец ноември го комплетиравме проектот изградба на фитнес зони на отворено, коишто се во насока да го подигнат рекреативниот спорт. Тука се и домот на спортовите и две сали за боречки вештини во 2019 година.
Секако, нашиот најголем фокус ќе продолжи да ни бидат младинските категории, коишто преку поддршката што ја даваме, ќе успееме да да го подигнеме спортот и условите во спортот.
За крај, сакам да се заблагодарам на претседателот на Владата на РМ, на министерот за финансии, советниците за спорт на Премиерот, на раководителот и секторот спорт при АМС, на спортските федерациите, на спортистите и спортските работници, на професорите и новинари и на сите оние кои не поддржуваат да ги оствариме нашите заеднички идеи и визии на спортот во РМ“.