Директорот на АНБ ќе реферира за Онишченко на затворена седница на Влада
Денеска во Владата ќе се одржи затворена седница на која директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски ќе реферира за случајот со доделувањето на државјанство за контроверзниот Олександр Онишченко.
Ова денеска во изјава за медиумите го посочи премиерот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека не смее повеќе детали да каже затоа што се работи за затворена седница, и пренесување на вакви вести се тешко кривично дело.