ДОБРИТЕ ВОЛШЕБНИЦИ: 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВО КОИ СЕ РАЃА МОЌТА НА СВЕТЛИНАТА

Овен

loading...

Се верува дека овие луѓе не се едни од најстрпливите … И ова е точно! Онаму каде недостасува трпеливост, Овенот тоа место го надополнува со упорност и снаодливост. Сепак, претставниците на хороскопскиот знак Овен се многу чувствителни и жестоки и доколку се „загреат“, можат да создадат секакви работи. Овенот е еден од најсилните во однос на енергијата. И не многумина можат да се натпреваруваат со нив во секој поглед.

Но, дури и без сите мистични одредби, Овенот понекогаш може да се нарече и добар волшебник, бидејќи претставниците на овој хороскопски знак можат да се појават во вистинскиот момент и да ве поддржат и со зборови и со дела. Покрај тоа, тие можат прекрасно да ја споделат својата енергија со другите, понекогаш дури и без да се свесни за тоа. Тие се подобри од сите други во отстранувањето на многу различни негативи, едноставно со тоа што просто ќе ги „изгорат“ со својата енергија.

Рак

Работата е тоа што со Ракот, не е сè едноставно како што изгледа. Тие секој ден учат нешто ново, читаат различни книги, понекогаш се и многу сомнителни. И, се разбира, тие незабележливо ја тестираат сопствената сила во пракса.
Кај Ракот е секогаш како меч со две острици. Не е темно и не е светло. Сето тоа зависи од личноста наспроти нив како ќе го искористи. Раковите се силно емоционални, емпатични, сензитивни, активни, интуитивни, имагинативни и лојални. Сето ова им овозможува да ги разберат чувствата на другите луѓе и да бидат добри или лоши „вошебници“.

Понекогаш на Ракот му требаат само неколку зборови за да му помогне на човекот да се смири… И исто така толку „многу“ напор за да повреди. Сепак, мора да му се оддаде почит на Ракот. Претставниците на Рак се секогаш подготвени да помогнат и да се вложат максимално. Тие доколку видат дека им е вратено со иста мера од другата страна, од срце силно се борат личноста до нив никогаш да не биде тажна или повредена. Но доколку Ракот биде повреден пример не сте лојални кон него или му наштетите на било кој начин, не постои друг хороскопски знак кој има понезгодни и понепријатни методи за одмазда од овој хороскопски знак.

loading...


Близнаци

Луѓе чија интуиција може да ги надмине сите разумни граници, надарени повеќе од кој било друг, а сепак иако веќе го знаат одговорот, во истото време повторно си поставуваат илјадници прашања. Покрај тоа, прашањата обично секогаш се исти.

Близнаците се забавни, доминантни и шармантни и непредвидливи. Поради овие карактеристики многу лесно стануваат омилени во друштвото. Нивниот шарм допринесува на луѓето околу нив да им создадат една комфорна зона. Откако ќе го направат тоа ти веќе стануваат добрите „волшебници“. Им помагаат на луѓето околу нив со тоа што цело време ги забавуваат, им зборуваат позитивни и оптимистички работи. Доколку бидат повредени на Близнаците ќе им треба долго време да смислат начин на кој ќе се одмаздат иако најчесто сето тоа завршува со предомислување и откажување од таквата помисла.