ДОДЕКА МИЦКОСКИ Е НА ОДМОР ВО ХРВАТСКА, А ЗАЕВ ВО ОХРИД И ГРЦИЈА, РАБОТНИТЕ ГРУПИ НА ДВЕТЕ ПАРТИИ ЌЕ СЕ ДОГОВАРААТ ЗА СЈО И ПОПИСОТ

//

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се враќа од дводневната посета на Будимпешта и на Виена. Во петок, ќе присуствува на традиционалната прослава на Илинден во струшкото село Ташмаруништа, по што со семејството заминува на еднонеделен одмор во Хрватска.

Премиерот Зоран Заев ќе оди во Охрид и во Грција, а вицепремиерката Радмила Шекеринска заминува на Скандинавија.

Нема одмор работните групи на двете најголеми партии ќе се обидат да стигнат до компромисно решение за законите за СЈО и за пописот.

На одмор заминуваат и пратениците. Тие ќе се вратат на работа на 27 август, а дотогаш ќе се знае што договориле работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.





Претходна статија

КИНА ИМ ЗАБРАНИ НА СВОИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА ПАТУВААТ ВО ТАЈВАН

Следна статија

ВИДЕО: НИШАЛКИ НА ЅИДОТ НА ТРАМП – ДЕЦАТА ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА ГРАНИЦАТА ЗАЕДНО ИГРААТ

Најново од Вести