ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ЅВЕЗДЕН ЗАПИС НАД КОКИНО“ ПРЕМИЕРНО ВО МКЦ

Во кино „Фросина“ при Младинскиот културен центар денеска со почеток во 20 часот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Ѕвезден запис над Кокино“.

Во филмот е раскажана приказната за Кокино, историјатот, археолошките откритија како и мистериите поврзани со оваа мегалитска опсерваторија откриена во 2001 година, а која потекнува од бронзено време .

Документарниот филм „Ѕвезден запис над Кокино“ ќе се обиде да одговори на повеќе прашања за мегалитската опсерваторија која за само неколку години од НАСА беше ставена на 4. место , заедно со Мачу Пикчу во Перу, Стоунхенџ во Велика Британија или Ангкор Ват во Камбоџа како една од најважните опсерватории во светот.

Кокино, е сместено на 75 километри од Скопје, на надморска височина од 1030 метри на врвот Татиќев камен.



Слични Објави