|

Документите говорат: Основачот на ВМОРО Иван Хаџи Николов во неговите спомени: „Ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот а првиот ќе го натепам“

Имав околу 10 години, кога за прв пат почнав да учам бугарска историја од учебникот на Д.В. Манчов. При ученето од таа историја си велев: Значи ние сме си имале царство ама ни го зеле Турците”. Од истава историја дознав дека некогаш и Тесалија била населена со Бугари, кои Грците ги погрчиле И тогаш пак си велев: “Значи и Грците се наши непријатели. Па, зошто нашите татковци не се дигнат да си го земат царството од Турците и да си ја вратат погрчената Тесалија? По средината на бугарските земји се протега Стара Планина. Тука можат да се соберат сите останали Бугари и од таму да тргнат кон Цариград, Солун и Тесалија“. Од Библијата (Би- типисанието) пак познав, дека Мојсеј кога видел како еден Египќанин тепа еден Израелит, го оттргнал Израелитот и го убил Египќанинот. Тогаш си реков: ….ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот а првиот ќе го натепам“. И вистина, ми се случи тоа брзо да го применам. Еден ден во нашето маало видов како две Турчиња тепаат едно Бугарче. Се спуштив, го оттргнав Бугарчето и ги натепав Турчињата. Од тогаш тие Турчиња не ги напаѓаа Бугарчињата во нашето маало.

Во нашиот град го завршив класното училиште кое тогаш беше двокласно, и останав да му помагам на татко во фурната (татко ми беше фурнација). Пораснат како човек што се движи во чаршијата, можев да го сфатам лошото однесува- ње на возрасните Турци, на административните и судски чиновници, како и на лошите Турци кон Бугарите, кои често без вина си страдаа…

Со овие реченици започнува првото поглавие насловено „Младински револуционерни копнежи“ од спомените на еден од основачите на ВМОРО Иван Хаџи Николов објавени во зборникот „Спомени“ на Иван Хаџи Николов, Дамјан Груев, Борис Сарафов, д-р Христо Татарчев, Јане Сандански и Михаил Герџиков, под стручната редакција на тогаш докторот а подоцна академик Иван Катарџиев.

Научното дело е објавено во 1995 година во Скопје.



Слични Објави