|

ДОЛНИОТ ДОМ НА РУСКАТА ДУМА ИЗГЛАСА ДОЖИВОТЕН ИМУНИТЕТ ЗА ПУТИН И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО

Долниот дом на рускиот парламент го изгласа законот со кој се обезбедува имунитет на претседателот на државата и на членовите на неговото семејство, дури и по напуштањето на таа позиција, јавува ББС.

Законот го помина првото читање во Думата, во која мнозинство има Единствена Русија. Пратениците од Комунистичката партија гласаа против.

Ако законот помине во следните две читања, тој ќе биде проследен до Горниот дом на парламентот за усвојување. Доколку се донесе законот, претседателот на Русија и членовите на неговото потесно семејство ќе имаат доживотен имунитет, но ќе може да им се суди за кривично дело предавство.

Освен за Путин, законот ќе се однесува и за Дмитриј Медведев, кој исто така беше претседател на Русија.



Слични Објави