|

МИЛОШОСКИ ПОБАРА ОСТАВКА ОД НИКОЛА ДИМИТРОВ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, најави интерпелација за вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и на социјалните мрежи му порача дека е време за оставка, јавува ТВ 24. Милошоски вели дека Димитров лажел дека имаме датум за ЕУ, дека не чувствувал одговорност и дека не се појавил на Комисијата за надворешна политика.

„Министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација со маска, со шал, со дистанца, со се. Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка, но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал, или политичката фотелја.“ – изјави Милошоски.



Слични Објави