ДОМ: ПРЕИСПИТУВАЊЕ И ПРОМЕНА НА ТРАСАТА НА ГАСОВОДОТ НА ВОДНО

/

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, се сретнаа со  претставници од граѓански здруженија од иницијативата против изградба на гасовод по с’ртот на парк-шумата Водно.

Сите аргументи на екологистите и стручните лица укажуваат на потребата за преиспитување и промена на трасата на гасоводот, тргнувајќи од значењето на Водно како прочистувач на воздухот и извор на кислород за граѓаните на Скопје и околните места.

Во просторниот план на Република Македонија оваа парк-шума е дефинирана како заштитен предел со посебни природни карактеристики и е предвиден режим на заштита како дендролошки споменик на природата.



Дополнително, Водно е најзначајното излетничко место на главниот град, а нејзиниот с’рт е дел од туристичката рута за планинари и велосипедисти, што води кон македонските туристички атракции, кањонот Матка и пештерата Врело.

Претходна статија

ЈАНКУЛОСКА СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ДЕСКОСКА И ЦАРОВСКА

Следна статија

ВО ЖИВО ПРЕД ВЛАДА: МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ

Најново од Вести