ДОНЕСЕНА Е ПРВАТА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА СМРТТА НА МАЛАТА ТАМАРА

//

Донесена е првата пресуда за смртта на малата Тамара Димовска од Велес. Условна казна затвор една година доби претседателката на управниот одбор на Фондот за здравство на која и се судеше во одвоена постапка, објави Телма.

Судијата Марин Станевски ја донел ваквата пресуда во која се условува поранешната претседателка на управниот дека ќе оди во затвор само ако во рок од три години направи ново кривично дело.

Пресудата се уште не е правосилна и течат роковите за жалба.

Малата Тамара почина во февруари 2015 та чекајќи државата да и овозможи операција во странство за сколиозата која ја имаше. Процесот против докторите и директорите започна во јуни 2017 та и се уште не е завршен.



Следното рочиште е на 12 ти јуни.



Претходна статија

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ОД НОЌЕСКА

Следна статија

ЕВЕ ОД КАДЕ ПОМИНУВАЛЕ МИГРАНТИТЕ НА СРПСКО- УНГАРСКАТА ГРАНИЦА

Најново од Вести