ДРЖАВАТА УДРИ ПО СТАРЦИТЕ

Министерството за здравство (државата), удри по најранливата категорија граѓани, а тоа се старите лица кои се наоѓаат на лекување и нега во геријатриските центри. Цената за нивниот престој во последниве 6 месеци се покачи два пати: од 500 ден за ден, на 540, па од Нова година на 620 ден за ден?

loading...

Информацијата дека престојот е поскапен се испраќа преку СМС порака, а никаде јавно не се објавува и никогаш не е образложено од кои причини поскапува денот за престој, при инфлација од околу 1%. Ова е е несфатлив и непримерен потег на државата кој слободно можеме да го наречеме рекет, затоа што старите лица, како немоќни и со намалена способност за комуникација се ставени пред свршен чин, тие не можат за ништо да одлучуваат, не можат да се спротивстават, а тоа право никаде законски и го немаат.

Ако некој се побуни, државата може да му рече: „побарај си поевтин престој“, што е невозможно за старец со пензија под просекот на просечната плата, затоа што цената во приватните домови е многу повисока, но тоа е бизнис цена! На ниеден телефон во министерството за здравство никој не се јавува! А, сакав да прашам што добиваат старците за тие пари???



loading...

Facebook статус на Бране Стефановски