|

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ПРЕДЛАГА КАЗНА ЗА „ПЕЈПЕР МИЛ“ ВО ВИСИНА ОД 20 ИЛЈАДИ ЕВРА

„Државниот инспекторат за животна средина интензивно работи на спречување на загадувањето од ‘Пејпер Мил‘-Кочани и инсистира на почитување на законите. Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 04.11.2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности.

Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а „Пејпер Мил“ се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите“, пишува во соопштението од Инспекторатот.

Слични Објави