ДСЗИ: НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА СТРОГО СЕ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТНА ОПРЕМА

/

Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 5 април изврши вонреден инспекциски надзор во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во врска со заклучоците на Главниот координативен кризен штаб за почитување и примена на протоколите и препораките за употреба на лична заштитна опрема (ЛЗО) од страна на здравствените работници при укажување здравствени услуги согласно нивоата на здравствена заштита и ризикот од КОВИД-19, а со цел спречување на ширење на инфекцијата, информираа денеска од Владата, пренесува Плусинфо.

При надзорот во Клиниката е констатирано дека строго се почитуваат препораките за употреба на лична заштитна опрема од страна на здравствените работници, како и соодветната организираност и одржување на клиничкиот објект.

Во извештајот се посочува дека во Клиниката се хоспитализирани само пациенти со инфекција од КОВИД-19 и во моментот на надзорот има вкупно 77 пациенти, од кои на респиратор се 11 пациенти, но и дека има уште слободни респиратори и болнички легла.





Претходна статија

РУСКИ ПУЛМОЛОГ КАЖА КОЈА Е НАЈДОБРАТА МЕРКА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

ЌЕРКА НА ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТ ОД ТЕТОВО: НЕ САМО ШТО ТАТКО МИ НЕ ДОБИ ГРИЖА ТУКУ И НИЕ СЕ ЗАРАЗИВМЕ СО КОВИД-19

Најново од Вести