|

Голема акција на МВР во тек: десетина лица уапсени за трговија со деца и сексуална експлоатација

Уапсени се десетина лица во голема полициска акција, која уште е во тек во Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација на дете. Тие се сомничат и за дело трговија со деца. Акцијата е во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Макфакс“ дознава дека на терен постапуваат десетици полицајци и специјалци од МВР. Станува збор за лица што подолго време биле следени.

Од МВР само дека потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.



Слични Објави