ДУИ БАРА ПРЕРАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЕРОЛ МУСЛИУ ДА СТАНЕ ПРВ ЧОВЕК НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека додека не се случи целосно расчистување на кумановските настани, ниту еден човек кој што бил дел од службите тогаш не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции. Ова реакција доаѓа по одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го именува Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

Ерол Муслиу, завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти. Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач. Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци. Во 2011 година, бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање.