ДУРАКУ : ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ АЛБАНЦИТЕ ЗА ДА ГИ ПЛАШАТ МАКЕДОНЦИТЕ

Вести Истакнато Македонија

Шефик Дураку претставник на Алијанса за Албанците во своето гостување на АЛФА ТВ, изјави дека Пендаровски, Рамадани и останатите се користени од одредени центри, злоупотребувајќи ги Албанците како изговор да ги плашат Македонците за иднината на Македонија, со поделба на државата. Според него постои голема доза на страв во СДСМ и Владата на Заев, па на овој начин тие сака да ги мотивираат односно исплашат Македонците да излезат и да гласат. Воедно тој го истакна партискиот став на Алијанса на Албанците дека залудно се фрлаат 5 милиони евра народни пари, за референдум.