Два збора за бугарско – македонскиот спор
Fb статус на Арсим Зеколи
Првиот збор: консеквенца
Консеквенца како последица или дел на меѓународниот пристап на САД и ЕУ кон решавањето на кризите во Босна, Косово, Црна гора во кои Брисел, Берлин, Париз и пред се Вапингтон демонстрираат исклучителна осетливост за барањата на Белград, Тирана, Загреб и исклучителна глувост кон укажувањата на Сарајево, Приптина, Подгорица за катастрофалните последици на трескавичната опседнатост на центрите за “ставање на Србија на страна на западот”. Додајте го на тоа и благонаклониот однос на Вашингтон кон ширењето на грчкиот безбедносен пакет кон Македонија и прашањето само од себе се наметнува. Зошто Софија да не ги користи истите механизми кон Македонија употребувани од Белград, Тирана, Загреб со подршка од Вашингтон, Берлин, Брисел? Зошто да не подгрева жестоки кризни состојби во Македонија, доколку на Америка и Европа не им пречи таквиот модел на другите во регионот? Оттаму, изјавата на МНР Бугарија за “заштита на бугарските интереси во Македонија” може да звучи непријатно, но во основа таа е само реплика на претходно (и попровокативно) изнесените ставови кон Босна, Косово, Црна гора како од регионалните политичари така и од западните дипломати. Оттаму, прашање е единствено за каква наивност станува збор: наивност на политичарите за задните намери на дипломатите, или пак наивност на дипломатите убедени дека монструозните конструкти кои ги прават низ регионот нема да излезат од контрола и го предизвикаат токму тоа што велат дека сакаат да го избегнат: длабока воено-безбедносна криза на Југо-источна Европа.
Притоа, да не заборавиме дека во рамките на НАТО досега имаше само една криза помеѓу соседите – она помеѓу Грција и Турција. Но, сегашната веќе длабока криза со повлекување Амбасадори како последен чекор пред раскин на дипломатските односи, е веќе втората криза која навидум е предизвикана од Бугарија и Македонија, но во основа е последица на фрапантно шарлатанскиот про-српски однос на сегашната американска и европска дипломатска гарнитура во регионот. Имено, доколку Србија знае колку е часот за нив, но и колку е битно за САД и ЕУ да и се умилкуваат, зошто се мисли дека и Софија ја нема согледано таа поволност и не пристапи кон истото сценарио на играње дрндупка со портабл-булсожери од класата Ескобар, Хил, Лајчак? Затоа, да повторам, во оваа криза актерите се Софија како главна улога, Скопје како споредна улога и Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, Брисел како батаљон бабици спремни за раѓање килави дечиња низ регионот.
Вториот збор: демагогија
Демагогија како описна констатација за односот на Софија кон Скопје во кој демек машки се удира по обвивката, а кукавички се внимава да не се потресе суштината. Во овој случај, обвивката се самите македонци, а суштината е стравот на Софија од исполнување на она за што се залагаше и бараше: справување со УДБ/КОС/СИД преку отварање на архивите во Скопје и Белград. Вистина, Софија издејствува да тоа прашање се постави како барање од Евро-парламентот, но засега без видни извршни ефекти од страна на Евро-комисијата. Доколку Софија навистина сака да го ефектуира сопственото вето, тоа треба да го докаже во Брисел преку ставање вето на сите процеси поврзани со Балканот додека не се отворат досиејата, наместо да тоа го прави микро-локално, било врз Македонија сеопшто или врз македонците сепаратно. Какви и да се изговорите од Софија, стравувам дека една од можните причини за стравувањата од отварање на досиејата се поврзува и со врските на домашни ликови со Југословенско-српските служби кои датираат подолго од пред федерацијата и траат долго и по крахот на федерацијата. Таквото отварање е затоа меч со две острици: отварањето може да предизвика дрѓавна главоболки подеднакво како што неотварањето може да предизвика национална мигрена, токму по примерот од поранешните републики на СФРЈ. Па дури и по примерот со неславните “папири” за тоа колку европски и американски дипломати, политичари биле на платен список на УДБ и СИД.

