ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ПРИ НАПАД СО НОЖ ВО ЦРКВА ВО КАЛИФОРНИЈА

При напад во црква во калифорнискиот град Сан Хосе се убиени двајца луѓе, а повеќе се повредени, откако непознат напаѓач со нож ги нападнал присутните.

loading...

Првин беше објавено дека осомничениот за нападот е уапсен, но подоцна објавата на Twitter беше избришана, односно дека истрагата е во тек, пренесе AP.

Засега не е познато колку луѓе се повредени, но се наведува дека некои од нив се во критична состојба.

Полицијата наведе дека во текот на нападот во црквата немало служба, но во неа имало бездомници згрижени да се спасат од студеното време.



loading...

Мотивот за нападот е непознат.

„Нашите срца се со семејствата на двајцата членови кои подлегнаа на повредите по нападот во баптистичката црква Грејс“, напиша Сем Ликардо, градоначалник на Сан Хосе.