Нема ништо понормално од тоа творбата на УДБА во САД United Macedonian Diaspora, на својата Facebook страница да промовира пекара која се нарекува „Југославија“.
Оти нели, ако пекарата се вика „Македонија“, Грците нема да им стапнат на Митре и Катерина Крајоски, за да им го пробаат бурекот и другите убавини од „југословенската кујна“.

Им посакуваме успех на Митре и Катерина во нивниот бизнис проект, со искрени желби да не куртулат од муштерии, потомци на пребегани од Титова Југославија емигранти, кои додека си го јадат бурекот, на ѕид ќе го гледаат токму Тито.
Бидејќи историјата на претприемачкиот дух на луѓето од географската област Македонија, не започнува со Митре, би сакале да ви презентираме и една поинаква фотографија од САД.



Пред 114 години македонски Бугарин отворил бугарска пекара во САД. Денес југословенски Македонец отвора македонска пекара која се вика „Југославија“. Коментар не е потребен.
PS: Еве линк до сајтот на пекарата на Митре и Катерина, ама и сајтот е „умрен“ и недостапен, како што веќе 30 години е „умрена“ и Југославија.