ДВЕ ЛИЦА СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО ПИШТОЛ НА ЖИТЕЛ ОД ТЕТОВСКО ЖЕЛИНО
На 02.06.2020 во 21.00 часот во СВР Тетово, С.Л.(35) од тетовско Желино пријавил дека непосредно пред тоа во селото сретнал две непознати лица, кои по вербална расправија со него, му се заканиле со пиштол, по што со возило се оддалечиле од местото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

