ДВЕ ЛИЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО ГЕВГЕЛИСКО

Двајца жители на гевгелиското село Стојаково се тешко повредени, откако вчера на локалниот пат с.Богородица – с.Стојаково, К.П.(32) управувајќи автомобил „голф“ изгубил контрола и удрил во објект.

Возачот и сопатникот В.П.(24) биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’’. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гевгелија.