| |

ЕДНО „ОПШЕСВО“… ЗА НИВ

Правиме разграничување на државјанството со етничката припадност. Државјанството останува онака како што е утврдено и по законите и по договорот од Преспа, тоа е македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“ – Зоран Заев, Претседател на Владата во Скопје (20/01/2021).

Можеби „звучи шашаво, но функционира„ инаку како поинаку да се разбере погоре реченото? Упорното „разграничување„ на оваа постјугословенска мантра невешто маскирана во квазилиберализмот на „скопските администратори„ нужно предизвикува отпор и несогласување. Како поинаку би „прифатиле„ дека е нормално „двоецот без кормилар„ Б.Османи- Н.Димитров, да се „жести„ во Брисел дека нема вакцини, а при тоа, при сосема живи и здрави министри, директори, советници и разно разни умови ангажирани од Владата во Скопје, ниту глас,ниту став. Што се случува со сите оние Координативно-кризни тела, Штабови, Дирекции и Агенции,Оперативни тела и Цукови? Освен на социјалните мрежи и на платните налози, имаат ли некаква објективна функција?

Се разбира, одамна е полесно да се„помине„ кроз, околку низ, тоа го гледаме секојдневно. Со „кроз„ лесно се реформира образованието, се регулира најавениот попис, јавниот здравствен систем со него функционира беспрекорно, економската стабилност се подразбира, индивидуалниот и јавниот напредок се нешто природно, но оди „низ„ да те видам. Се е поинаку, како друга димензија, како нешто нереално!

Со „кроз„ лесно се бира составот на Државната Изборна Комисија, да, одамна не е тајна дека тој, „кроз„ и е мил и на опозицијата. Зошто и не би бил, убиствена е таа комбинација – Дил ориентет + кроз = само небото е лимит! Пред неа се „отвараат и затвараат врати„ со истата ефикасност како што се отвараат и затвараат судски постапки, ветинзи и увозни дозволи, градежните офанзиви се незамисливи без неа, да не се тие, сега се ќе беше шуми и ливади, Охрид не ќе се гледаше.

И покрај педагошките предупредувања -да не си играте со пописот – сеуште лебди одговорот на прашањето, како ќе се изјаснуваме кога изборот се сведува на „кроз„ и „низ„?

Автор: Ѓорѓи Трендафилов

Слични Објави