EK ПОТВРДИ, МАКЕДОНИЈА НЕ АПЛИЦИРАЛА ЗА ПАРИТЕ ОД ПАКЕТОТ ОД 530 МИЛИОНИ
Што се однесува до Солидарниот фонд, Комисијата и Македонија беа во контакт минатата година, но Македонија ја информираше Комисијата дека во тој момент нема доволно расходи да пријави за да го постигне прагот предвиден од страна на регулативата на Солидарниот фонд, велат официјално од ЕК по прашањето со државава не доби пари од пакетот од 530 милиони евра.
Од портпаролската служба на Европската комисија за МИА детално ги образложија условите за аплицирање за помош од Солидарниот фонд на ЕУ. Како што пренесоа и македонските институции, помошта од овој Фонд се активираше минатата година поради здравствената криза од Ковид-19, со услов товарот од кризата врз буџетот да изнесува над 0,3 отсто од бруто националниот приход, пренесува Вечер.
Рокот за пријавување бил 24 јуни 2020, а Фондот бил отворен за земјите-членки и четирите земји кои имаат зелено светло за преговори со ЕУ или веќе преговараат со ЕУ, односно Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.
Службите на Европската комисија, велат оттаму, внимателно ги разгледале барањата за да утврдат дали ги исполнуваат условите, дали се веродостојни пријавените расходи како и директната поврзаност со здравствената криза.
Сепак оттаму нагласуваат дека од почетокот на кризата дадена и е значајна помош на Македонија за борбата против Ковид-19.
– Комисијата даде 226 милиони за да ги покрие медицинските опреми, да ги поддржи ранливите групи, бизнисите и невработените, како и макрофинансиска асистенција, нагласуваат од ЕК и дополнуваат дека земјава може да смета и на дел од достапните 70 милиони евра за Западниот Балкан како девет милијарди од Економскиот и инвестициски план на Европската комисија за регионот.
И според Секретаријатот за европски прашања, причината што Македонија е изоставена од помошта е поради тоа што во првиот бран од здравствената криза, земјата не направила доволно расходи за да се квалификува за помош преку Фондот за солидарност на ЕУ.
Целиот напис прочитајте го овде.