| |

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО НА А1 ОН: СО КАНТА БЕНЗИН ГО ПАЛИ ОПЕРА ПАБ

Во сред полициски час, околу 3.15 часот утринава, засега непознато лице со канта бензин го пали познатиот „Опера паб“, што се наоѓа кај Националниот опера и балет, пренесе порталот а1он и објави видео.

На снимките од камерите од ресторанот јасно се гледа човек со качулка на главата како доаѓа од центарот на Скопје со канта бензин во раката. Тој ја полева со бензин терасата од надворешната страна од ресторанот, го пали и бега.



Слични Објави