ВО ШВЕДСКА ВЕЌЕ ИМА 5G- ФАНОВИТЕ НА МИЛЕНКО ВЕЌЕ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ЈА СПОМНУВААТ ВО НИВНИТЕ ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Телекомуникациската компанија Теле2 (Теlе2) ја стартираше првата јавна мобилна мрежа од петтата генерација – 5G, во Шведска, јавува ДПА.
Потрошувачите во Стокхолм од денеска сега ќе можат да сурфаат со брзина на Интернет 5G, а во Гетеборг и Малме ова ќе биде можно од 24 јуни.
Повеќето паметни телефони сè уште немаат капацитет да поддржуваат 5G. Оваа нова генерација мобилна мрежа овозможува да се користи Интернет со брзина од над 1 гигабит во секунда и е до четири пати побрза од сегашната 4G услуга, јавуваат од Теле2.

