ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО МОРЕ: ВОДАТА Е СИГУРНА НО БЛИСКИТЕ КОНТАКТИ НЕ

/

Сепак ако нема море, базените се целосно сигурни за капење. Според природата на вирусот, неговата чувствителност на надворешните фактори, хлорот е доволен за инактивација на вирусот – вели Јеличиќ, пренесува Плусинфо.

Летото со ковид-19 сигурно ќе биде поинакво и секако сите се прашуваат дали ќе може да се оди на море. Прашањето кое ги интерсира многумона е дали вирусот се пренесува во море и на базен.

– Тоа што го знаеме е дека овој вирус е голем и дека е под влијание на надворешните фактори, вели за РТЛ Павле Јеличиќ, специјалист епидемиолог за задравствена екологија. А тоа значи дека нема добри шанси за преживување во море, пренесува хрватски Индех.

– Коронавирусот може да преживее и до 12 дена на собна температура во водата во славина, а отприлика 2 до 3 дена на собна температура во отпадните води. Иако капките кои доаѓаат од луѓето заразени со ковид-19 можат да ја заразат водата, експертите од таа област се согласни дека во случај на големи езера, реки, мориња, концентрацијата на вирусот е премала. Значи, вирусот во тие води е многу разреден за да може некој да се инфицира – вели за РТЛ Игор Штагљар, молекуларен биолог.

Ако воопшто летово се оди на плажа сигурно е дека ќе има посебни правила за однесување.

Сепак ако нема море, базените се целосно сигурни за капење.



– Според природата на вирусот, неговата чувствителност на надворешните фактори, хлорот е доволен за инактивација на вирусот – вели Јеличиќ.

Дури и мало количество на хлор какво што се користи за дезинфекција на водата за пиење е доволна да го инактивира вирусот.

– Водата е сигурна, но блиските контакти на плажите не се – вели Штагљар.

Претходна статија

ВЛАДАТА ОБЕЗБЕДИ 100.000 ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КУМАНОВО, ПРИЛЕП И ТЕТОВО

Следна статија

ИТАЛИЈА ЌЕ ИСПЛАЌА ПОЛОВИНА ОД АВИОБИЛЕТИТЕ НА ТУРИСТИТЕ

Најново од Вести