ЕЛИФ ЕЛМАС СЕ СЕЛИ ВО НАПОЛИ ЗА 16 МИЛИОНИ ЕВРА
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас се сели од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра. Елиф Елмас треба да биде осмо засилување за Наполи ова лето. Карло Анчелоти инсистира за негов трансфер откако стана јасно дека ќе ја загуби битката за ангажман на Хамес Родригез од Реал Мадрид.
Елиф Елмас ќе биде вториот Македонец кој ќе го облече дресот на Наполи по Горан Пандев. Во текот на наредната седмица, Елмас треба да допатува во Неапол, да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со „наполитанците“.

