Елитна манипулација и создавање митови за бугарското вето во македонските медиуми

//

Пишува: Иван Динев Иванов/Универзитет во Синсинати

Следејќи ги различните емисии и програми во популарните медиуми во С. Македонија во последниве седмици, не може да не се забележат различните манипулации на кои се изложени македонските гледачи. Тука спаѓаат три вида манипулации: Прво, погрешни тврдења дека во основата на проблемите, кои Бугарија ги креира е историскиот спор околу заедничкото или споделено минато на двете земји. Второ, невистини дека тековните преговори се фокусираат на идентитетот и јазикот на македонскиот народ. Трето, отворени лаги и манипулации дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка (ДПДС) од 2017 година е алатка за бугарските националистички идеи со цел да го „да се промени исходот“ на изгубените во 20тиот век војни и да се врати на „големиот бугарски сон за Санстефанска Бугариjа“.

Всушност што сака бугарската страна? Пред сѐ, таа бара да добие гаранции за точното исполнување на Договорот од 2017 година со добра волја со цел зближување на двата најблиски братски народа на Балканот, кои имат заедничка историjа, а во минатото споделуваа и заеднички идентитет. Дали ветото беше точна алатка за спроведување на овие политики е различно прашање. И покрај тоа што Бугарија вероjатно не е многу успешна во соопштувањето на образложението на нејзиното вето, земјата јасно стави до знаење дека спорот не е и не може да биде во врска со идентитетот на друга нација, бидејќи индивидуалното самоидентификување е вродено право во современите меѓународни односи. Слично на тоа, Република Северна Македонија (РСМ) и Република Бугарија немаат никакви спорови околу политичката материја што вклучува територија, граници или население. Зошто тогаш македонската елита (политички лидери, новинари, дипломати, аналитичари, колумнисти и креатори на jавно мислење) презентираат пред јавноста искривена слика во медиумите?

Недостаток на демократија и манипулација на елитата

Одговор на ова прашање беше понуден пред повеќе од дваесет години од професорот Џек Снајдер од Колумбискиот Универзитет во Њујорк кој тврдеше дека „елитите кои имаат корист од национализам честопати ја задржуваат нивната делумната контрола врз владините, економските и медиумските ресурси“ и ги користат овие ресурси за да ја манипулираат јавноста, за да ја задржат и евентуално прошират контролата врз јавноста.1 Што е уште поважно, овој натпревар за манипулација се прави со цел да се добие поддршка од народот а околу елитните интереси се јавува во услови кога „демократските институции се многу несовршени.“2 Додека терминот „политички елити“ има пошироко значење во општествените науки, овие елити може да вклучуваат државен апарат и бирократи на клучни владини позиции кои беа идентификувани од двајца македонски премиери (Георгиевски и Заев) како “длабока држава.”

Ако ја споредиме споредбата на ставот за демократско управување на Балканот користејќи ги најновите податоци за 2020 година од службата за разузнавање на Economist и рејтингот на Фридом хаус (Freedom House Ranking), можеме да видиме дека, во споредба со другите нации, РСМ се наоѓа на дното на регионот. И покрај фактот дека целокупната состојба на слободата и демократијата во целиот регион е лоша, особено вознемирувачки е што РСМ, Босна и Херцеговина (БиХ) и Црна Гора (за Косово нема податоци од Economist) се единствените земи кои се само делумно слободни со хибридни (наместо демократски) режими. За споредба, и покрај нејзините недостатоци, деморатијата и слободата во Бугарија се наоѓа на истото (незадоволително) ниво со нејзините соседи членови на ЕУ, Хрватска и Романија (видете ја табелата подолу).3

Табела 1: Рангирање на демократијата и слободата за земјите на Балканот4

ЗемјаРезултат / Тип на режим (Economist)Резултат за слобода (Фридом хаус)Резултат / политички права (Фридом хаус)Резултат / граѓански слободи (Фридом хаус)
РСМ5.89/ Хибриден режим66/ Делумно слободна2839
Албанија6.08/ Неисправна демократија66/ Делумно слободна3739
БиХ4.84/ Хибриден режим53/ Делумно слободна1934
Бугарија6.71/ Неисправна демократија78/ Слободна3345
Грција7.39/ Неисправна демократија87/ Слободна3750
Романија6.40/ Неисправна демократија83/ Слободна3548
КосовоНема податок54/ Делумно слободна2331
Србија6.22/ Неисправна демократија64/ Делумно слободна2242
Словенија7.54/ Неисправна демократија95/ Слободна3956
Хрватска6.50/ Неисправна демократија85/ Слободна3649
Црна Гора5.77/ Хибриден режим63/Делумно слободна2439

Снајдер понатаму забележува дека „иако слабоста на различните видови демократски институции придонесува за овој исход, недостатоците во медиумите за масовни комуникации се особено важни во создавањето можности за успешно убедување на националистите“, особено во земјите каде не се консолидира демократското владеење (на пример во делумно слободните, хибридни режими како РСМ).5 Елитите во овие режими цветаат со користење на националистичка агенда за манипулирање на јавноста.

Попуштање на Буагриjа или решавање на спорот

Ако сте забележале, главната поента на македонските елити е дека сега Бугарија мора да „попушти“ Македонија да започне преговори за членство во Европската Униjа (ЕУ). Со исклучок на неколку политичари и аналитичари, во јавниот дискурс многу малку се споменува потребата да се реши суштинскиот дел од отворените прашања или да се најдат работни механизми за нивно решавање и така да се оди напред. Дури и ако Софија даде зелено светло, ако нема јасно разбирање од двете страни за тоа што треба да се стори за да се напредува со спроведувањето на ДПДС од 2017 година, веројатно таа состоjба ќе резултира на нови вета, со кои што непотребно ќе се продолжи патот на Скопје кон членството во ЕУ еднa или повеќе децении. Изненадувачки, во македонските медиуми многу малку се споменува ова. Зошто е овој случај?

Објаснувањето на Снајдер покажува дека монополизацијата на македонските медиуми со националистички идеи насочени против Бугариjа, истакнуваjќи ги „смешните” и „апсурдни“ барања на Софиjа и „непријателското однесување на источниот сосед“ им помага на ист начин на владејачката коалиција и на опозицијата во државата, особено во контестот на претстојните настани на есен. За владејачката партиjа СДСМ, ова е можност да го тргне јавното мислење од домашните предизвици поврзани со економијата, здравствената криза поради КОВИД пандемиjата и корупциските скандали. За опозицијата ДПМНЕ, тоа е можност да се организираат кампањи за блокирање на раскрсници или собирање спорадични протести со цел да се добие поддршка околу националистичките идеи и непопуларните лидери на партиjата во надеж дека ќе имаат подобри изборни резултати наесен.

Така, на еден мал и сегментиран пазар на идеи, jавноста нема изложување на широк спектар на идеи или таквото изложување се филтрира преку извори што ги изобличуваат тие идеи. Во овоj момент треба да се потсети македонската јавност дека слични појави постоеле и во минатото. Џек Снајдер и Карен Балантajн нè потсетуват дека успесите на Хитлер при стапувањето на власт во 30-тите години на минатиот век не беа од освојувањето на поддршката од луѓе на кои припаѓаа националистички идеи преку вешто пробивање на основните доброволни организации кои вклучуваат групи на ветерани и друштва за пиење пиво.6



Сличен феномен може да се забележи во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРJ) во 80-тите години на минатиот век каде, како и повеќето други аспекти од југословенскиот живот, медиумите станаа „сојуз на регионални олигархии“. Како резултат, во земјата не само што „немаше слобода на говор, туку и силни институции кои ќе се спротивстават на несовршеноста на пазарот” и да промовираат професионални, непристрасни масовни медиуми.7 Недостатокот на демократско владеење во комбинација со трансферот на медиумски монополи во рацете на владите на републиките предизвика најголем дел од штетата, што им овозможи на политичките елити во СФРJ да ги користат медиумите за да ја промовираат својата националистичка агенда, кое доведе до насилство и злосторства против човештвото по распаѓањето на Федерацијата.

Руанда e трет сличен случај во коj политичките елити ги користеа медиумите за да ја манипулираат јавноста, што доведе до геноцидот во 1994 година. Во овоj момент, кликата околу Претседателот Жувенал Хабијаримана ги имаше сите причини да се плаши од демократизација и од повикувањето на правда од страна на меѓународната заедница. Затоа тие развија план да останат на власт што вклучува и извршување на грозоморни злосторства. “Дел од тој план беше една полуприватна радио станица основана од сопругата на претседателот, каде што се пренесуваа погрешни информации дека бунтовниците од Тутси зедницата требало да се кренат и да jа убијат Хуту зедницата, и како резултат на тоа ги повикале сите Хуту да се приклучат на милициите во кампања на превентивно убиство. Како резултат, меѓународните набљудувачи се согласуваат дека емитувањата на омраза играле значајна улога во насилството, особено во подоцнежните фази на геноцидот.8 Додека сите овие три случаи се екстремни и нема причина да се верува дека нешто слично може да се случи денес во РСМ, тие служат како ужасно предупредување дека користењето на масовни медиуми од страна на политичките елити за манипулирање со јавноста во земјите со слабо демократско владеење е како играње со оган кое може да биде непредвидливо и со тешки последици.

Може да се заклучи дека спорот помегу РСМ и Република Бугариjа, коj доведе до бугарското вето пред сè е најзначајно симптоматски за слабиот квалитет на демократијата во Македониja; тоа го отвора просторот за елитите да ја следат нивната манипулативна агенда. Во крајна линија, мора да памтиме дака во време на глобализацијата, ова не е голем спор и може многу брзо да се реши само ако двете страни се спремни да го сторат тоа — поголемата демократизација во РСМ дефинитивно ќе помогне во надминување на разликите меѓу двете страни. Во исто време, македонската јавност мора да бидe свесна за намерите на нејзините политички елити и да биде подготвена да jа брани демократијата кога е потребно, сеќавајќи се дека успешниот манипулативен национализам во минатото доведе до појавата на на Втората светска војна, Граѓанските војни во поранешна Југославија и геноцидот во Руанда.

1 Jack Snyder, From Voting to Violence: Democratization and Nationalist Conflict (Од гласање до насилство: демократизација и националистички конфликт). New York: WW Norton, 2000, стр. 54.

2 Jack Snyder, Op. Cit.

3 Забележете дека за службата за разузнавање на Economist исто како и за Фридом хаус (Freedom House), колку е повисок резултатот на земјата, толку е подобра состојбата на демократијата и слободите во таа земја.

4 Извори: “Global democracy has a very bad year,” The Economist Intelligence Unit, https://www.economist.com/graphic-detail/2021/02/02/global-democracy-has-a-very-bad-year, 20 jуни 2021 година; “Freedom House: Countries and Territories,” https://freedomhouse.org/countries/freedom-world/scores, 20 jуни 2021 година.

5 Snyder, From Voting to Violence, стр. 55.

6 Jack Snyder and Karen Ballentine, “Nationalism and the Marketplace of Ideas,” International Security 21 (2), Fall, 1996, стр. 19.

7 Snyder and Ballentine, “Nationalism,” стр. 26-28.

8 Snyder and Ballentine, “Nationalism,” стр. 31.

Претходна статија

Шефот на кабинет на Жељу Желев: Признавањето на Македонија за д-р Жељу Желев беше историски долг

Следна статија

Бугарија не попушта за Северна Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија

Најново од Истакнато