ЕПА ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ ПРЕТЕРА ГУ!
Тоа колку си Македонец требаше да го покажеш кога се гласаше за промена на уставно име, ако добро се сеќавам во тоа време ти беше пратеник на пратеничката група СДСМ која си гласаше за промена на уставно име.
Беше еден од најгласните пратеници кога се случи 27ми Април како одговор на сите „серења“ што ги направивте и по Деловник за работа на Собрание и по Закон и по Устав. Ни тогаш не се освести дека твојата земја е Македонија и дека тоа што го нарековте тероризам, некои го нарекуваат „доказ на љубов кон татковината“ и „патриотизам“.
Имаше многу важни животни прилики кога можеше да го кажеш она што го кажуваш денеска откако се сукоби со централната власт и доминантната структура во твојата матична партија.
Не е ваљда дека сега ќе стануваш „новокомпониран ВМРОВЕЦ“ па менуваш плоча?!
Немој Максиме, остани доследен, тоа е најморалното нешто што можеш да го направиш во ситуацијава и не ни вреѓај интелигенција, не сме до толку …
Fb пост на Магдалена Стојмановиќ, главен и одговорен уредник на Veritas.mk
