|

ЕРДОГАН: ТУРЦИЈА НЕ ЈА ПРИЗНАВА АНЕКСИЈАТА НА КРИМ

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на прес-конференцијата со претседателот на Украина Володимир Зеленски во Анкара повтори дека официјална Анкара не ја признава, како што вели, „незаконската“ анексија на Крим.

–Турција не ја призна и нема да ја признае незаконската анексија на Крим. Нашите браќа на Крим продолжуваат да живеат во нивната историска татковина, заштитата на нивниот идентитет и култура, зачувувањето на нивните основни права и слободи се приоритети на Турција – рече Ердоган во средата навечер во Анкара, објави агенцијата Анадолу, пренесува Лидер.

Слични Објави