ЕТНОФФ 11 – Меѓународниот фестивал на етнографски филм со новo издание во Скопје
Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ 11 годинава ќе го одржи своето единаесето издание. Настанот ќе се одржи на 6 и 7 октомври 2025 година во просториите на Кинотеката на Македонија.
Фестивалот и оваа година ќе понуди внимателно селектиран избор на филмови кои, преку визуелната антропологија, ја истражуваат културната, социјалната и политичката стварност. На програмата ќе бидат прикажани дела од домашни автори, Словенија, Италија, Шпанија, Норвешка, САД и Србија, кои отвораат прашања за идентитетот, традицијата и современите општествени предизвици, давајќи простор на различни перспективи во светски рамки.

Влезот за сите проекции и активности е слободен, а организаторите ги покануваат љубителите на филмот и културата да бидат дел од оваа уникатна филмска и антрополошка средба.

„ЕТНОФФ 11 ветува уште едно издание полно со инспирација и културна размена – се гледаме во Кинотеката“, велат организаторите на фестивалот.
