ЕТНОЛОШКА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ ВО НЕГОТИНО

/

Во Музејот на град Неготино, денес во 13 часот ќе биде отворена „Изложба на етнолошки предмети“…

Ќе бидат претставени околу 100-тина етнолошки предмети кои се дел од збирката на етнолошки предмети во сопственост на Музеј на град Неготино.

Изложените предмети се изработени од метал, дрво, керамика, текстил и стакло, изработени од локалните мајстори занаетчии и потекнуваат од околните селски населби од општина Неготино како што се селата: Долни и Горни Дисан, Вешје, Војшанци, Бистренци, Криволак, Тимјаник и др.



Изложбата која се реализира со поддршка на Министерството за култура, ќе ја отвори м-р Анита Ѓорѓиоска, етнолог од Музеј-Куманово, а посетителите ќе можат да ја видат до крајот на месец јуни.

Претходна статија

ВО СКОПЈЕ САНКЦИОНИРАЊЕ НА ВОЗАЧИТЕ КОИ ОРГАНИЗИРААТ И УЧЕСТВУВААТ ВО ДИВИ ТРКИ

Следна статија

МЛАДИТЕ ДОАЃААТ ВО ФИЛХАРМОНИЈА

Најново од Истакнато