ЕУ ЌЕ ИСПОРАЧА 65.000 ХИРУРШКИ МАСКИ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЦРНА ГОРА, СРБИЈА И ХРВАТСКА

Европската Унија денеска со нова испорака на хируршки маски ФФП2 за четири балкански земји, Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора преку механизмот РескЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи, јави дописничката на МИА од Брисел.

loading...

Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, порача дека дополнителни 65.000 заштитни маски ќе им бидат испратени денеска на овие четири земји.

„Иако констатираме позитивен развој на пониски стапки на инфекции во некои области, повеќе треба да се направи за да се спречи натамошно и ново ширење на коронавирусот, а заштитните маски се суштински во оваа борба“, рече Ленарчич.

Комесарот и за заблагодари на Романија, која ја води целата операција на испорачување на овие маски во регионот.

loading...