ЕУ ќе ја развива Преспа со 18 милиони евра

/

Преспа како уникатен екосистем со подеднакво уникатна геополитичка позиција која обединува три држави на југот на Балканот добива европски фонд тежок 18 милиони евра. Програмата ЕУ за Преспа е наменета за развој на инфраструктурата, заштита на човековата околина и богатиот биодиверзитет, земјоделието, туризмот и соработката на населението од трите држави кои ги делат водите на преспанското езеро.

„ЕУ наскоро ќе ја зголеми финансиската помош во рамки на програмата на ЕУ за Преспа, главно таа ќе опфаќа неколку активности кои сметаме дека ќе започнат многу скоро> Овие активности опфаќаат отворање на границата и градежни работи за отворање на границата со Р. Грција како и прочистителни станици за отпадните води и менаџирање со цврстиот отпад, како и други активности кои ЕУ ќе ги преземе за промоција на туризмот и животната средина како и помош за разни бизниси кои се активни во овој регион“, изјави амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир при неовата вчерашна посета на регионот.

При посетата на општината Ресен, амбасадорот Гиро свари и средба со граѓани и претставници на невладиниот сектор во овој регион.

На средбата амбасадорот Гир ги информираше граѓаните за потенцијалите на овој фонд нагласувајќи дека успехот на нивната реализација зависи од иницијативноста на самите жители на Преспа. Амбасадорот Гир исто така потенцираше дека една од главните цели на програмата ЕУ за Преспа е да обезбеди работни месат кои ќе ги задржат младите во тој регион без кои тешко би можела да се замисли неговата перспектива.

Според планот за реализација на средствата кон средината на 2023 би требало да отпочнат активностите за изградба на инфраструктурните проекти како канализациска мрежа и пречистителни станици. Паралелно како беше речено ќе се интензивираат работите за отворање на граничниот премин Маркова нога меѓу Северна Македонија и Грција кој произлезе и како обврска од Преспанскиот договор.

Овој ексклузивен фонд на ЕУ посветен за еден регион е инспириран од потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година во селото Нивици/Псарадес во грчкиот дел на Преспа. Словото и духот на овој договор отворија значајна перспектива за соработката во регионот Преспа во неговата географска целина. Фондот вреден 18 милиони евра воедно е конкретна демонстрација на ЕУ за поддршката на преспанскиот договор кој покрај деблокадата на евроатланските интеграции на Македонија треба да донесе и конкретни придонеси за квалитетот на секојдневието на граѓаните.

Извор: Цивил Медиа



Претходна статија

Бугарите од РСМ преку Уставен суд ќе се борат против дискриминаторските закони на нивна штета

Следна статија

Во Ќустендил беа одбележани 100 години од акцијата на ВМРО во овој град

Најново од Вести