ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ФИНАНСИРА ПРОЕКТИ ЗА ЈАГЛЕН
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе престане да ги финансира проектите за јаглен и речиси сите проекти за гориво. Ова е дел од глобалниот напор на државните банки за развој да го намалат својот удел во климатските промени.
Банката веќе ги стави обновливите извори на енергија и „зелената економија“ како приоритет, но со овој потег ќе се елиминираат исклучоците како Монголија, Полска и Казахстан кои искористуваат јаглен за повеќе од 70 отсто од домашното производство на енергија.
„Со декарбонизацијата на енергијата се бара преминување од најзагадувачките горива“, вели Нандита Паршад, директорка за енергија и природни извори во ЕБОР.
Новата стратегија поставува насока за инвестирањата на банката во наредните пет години.