Европските берзански индекси главно во пораст, цената на нафтата порасна – на златото падна
Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, како и цената на нафтата, а во исто време е забележан и пад на цената на златото.
Американското биро за статистика на трудот (BLS) денеска во 13 часот и 30 минути ќе ги објави податоците за февруарската инфлација во САД, а оваа вест секако ќе влијае на одлуката на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, јавува Си-Ен-Ен (CNBC).
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.817,55 поени, лондонски FTSE 100 на 7.741,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.040 27 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.310,26 поени.