ФА ПОКРЕНА ПОСТАПКА ПРОТИВ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ЗА ДЕРБИТО СО ЛИВЕРПУЛ

Фудбалската асоцијација на Англија денеска објави дека почнува постапка против Манчестер јунајтед поради однесувањето на фудбалерите за време на неделното дерби со Ливерпул на „Енфилд“ во рамки на Премиерлигата.

Јунајтед е обвинет за недолично однесување на неговите фудбалери, кои според правилата на ФА не се однесувале на пристоен начин. Фудбалерите на Манчестер го опколија судијата Крег Поусон во првото полувреме откако Вирџил ван Дајк имаше воздушен дуел со голманот Давид де Геа.

Роберто Фирмино во продолжение од акцијата постигна гол, но истиот беше поништен откако реагираше ВАР-собата. Судијата потоа покажа прекршок врз Де Геа од Ван Дајк, но шпанскиот голман заработи жолт картон поради претходните протести.

Извор: Спорт1



Слични Објави