ФБИ: НАПАДОТ ВРЗ БАЗАТА ВО ТЕКСАС „ПОВРЗАН СО ТЕРОРИЗАМ“
Американската Федерална полиција, ФБИ, соопшти дека нападот во четвртокот врз поморската база во Тексас е „поврзан со тероризам“. Во базата во близина на градот Корпус Кристи, една жена – морнар е повредена, а вооруженот напаѓач убиен. Нападот врз базата на американската морнарица започна рано во четвртокот кога напаѓачот се обидел да ја пробие портата на базата со возило и пукал кон обезбедувањето, јавува РСП.
Еден член на обезбедувањето, иако бил погоден, успеал да ја активира безбедносна бариера и да го спречи возилото да влезе во базата. Мажот кој излегол од возилото бил убиен во размена на оган со обезбедувањето, соопштија официјалните лица. Иследниците проверуваат дали друго лице е поврзано со напаѓачот.